Пинџур со модар патлиџан
Највкусно летно јадење, со сиренце и топол леб милина..... заедно со приготвувањето на останатите зимници, и овој пинџур е неизоставен дел од тој план.
Ги миеме убаво зеленчуците и ги ставаме врз хартија за печење. Се печат на 250 степени околу 1 час. Потоа ги лупиме и ги толчиме, додаваме сол по вкус, исто така и лук ( во прав или како чешниња ). На страна ставаме зејтин да се загрее и со него го „чвркосуваме„ пинџурот. Потоа уживаме во убавината на овој пинџур. На здравје!
Совет - Кога го приготвувам како зимница, постапката е иста...се пече, лупи, толчи, па го собирам во ќесенца за замрзнување и го замрзнувам. По потреба си вадам одвечер...сабајлината е веќе одмрзнат, тогаш го чвркосувам со зејтин, додавам сол и лук по вкус. Оваа наведена доза за нас е доста за еден ручек, и целата таа доза ја замрзнувам во едно ќесенце.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови