Пинџур со модар патлиџан
Состојки
- 12-13 Пиперки
- 1-2 Модри патлиџани ( 1 поголем, или 2 помали )
- 4 Црвени патлиџани ( средна големина )
- по потреба Сол
- 50-100мл Зејтин
- по вкус Лук
Подготовка
Највкусно летно јадење, со сиренце и топол леб милина..... заедно со приготвувањето на останатите зимници, и овој пинџур е неизоставен дел од тој план.
Ги миеме убаво зеленчуците и ги ставаме врз хартија за печење. Се печат на 250 степени околу 1 час. Потоа ги лупиме и ги толчиме, додаваме сол по вкус, исто така и лук ( во прав или како чешниња ). На страна ставаме зејтин да се загрее и со него го „чвркосуваме„ пинџурот. Потоа уживаме во убавината на овој пинџур. На здравје!
Совет - Кога го приготвувам како зимница, постапката е иста...се пече, лупи, толчи, па го собирам во ќесенца за замрзнување и го замрзнувам. По потреба си вадам одвечер...сабајлината е веќе одмрзнат, тогаш го чвркосувам со зејтин, додавам сол и лук по вкус. Оваа наведена доза за нас е доста за еден ручек, и целата таа доза ја замрзнувам во едно ќесенце.