Пилиња
Овие пилиња беа дел од нашиот Велигденски појадок. Многу се вкусни и топло ви ги препорачувам.
Во топлото млеко ставете го квасецот и една лажичка од шеќерот, промешајте и оставете да се активира квасецот. Може да користите и сув квасец, постапката е иста само употребете количество за 1/2 кг брашно.
Во садот каде ќе месите просејте го брашното, додадете го квасецот и останатите состојки и замесете тесто. Можеби ќе ви треба малку повеќе млеко, јас доставив околу 30 мл. Садот покријте го со фолија и оставете го на топло место околу 30 минути да надојде тестото.
Потоа малку премесете го и поделете го на 10 дела. Не треба да ставате брашно на работната маса бидејќи тестото не се лепи. Од секој дел направете долго стапче и свиткајте го како чвор (ќе видите на сликата како изгледаат непечени, мислам дека е доволно јасно). Опашката засечете ја на неколку места, обликувајте клунче на главата и премачкајте ги со жолчката разматена со малку млеко. Потоа ставете зрнца црн сусам или бибер како очи.
Вклучете ја рерната да се загрее на 250 степени откако ќе ги направите сите. Ставете ги да се печат во загреаната рерна, па намалете на 180. Печете додека не добијат убава боја.
Пријатен апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
А за шеќерот во тестото може да ти кажам дека не се благи, туку баш се богати со вкус. Значи не се неутрални како што најчесто се кифлите.