1. Сварете ја киноата во посолена вода и исцедете ја.
2. Mарулата издробете ја на појадро.
3. Извадете ја лушпата од авокадото и внатрешноста расечете ја на коцки.
4. И црвениот домат измијте го и исечете го на коцки.
5. Пилешкиот стек исчистете го, посолете го и зачинете со црн мелен бибер. Оставете нека постои 30 минути а потоа ставете го во апаратот за готвење на топол воздух Аир фраер. И сланината ставете ја во истиот сад.
6. Откако се сите состојки спремни,нанесете ги прво салатите во чинија за сервирање. Попрскајте со лимонов сок и маслиново масло. Врз салатата нанесете ги подготвените пилешки стекови и сланина.
(ако немате апарат на топол воздух, можете да ги запржите пилешките стекови)

Декорирајте со парчиња лимон.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови