20
јан
2017
Пилешко со грашок
Го вариме пилешкото месо па го двоиме од коска. Кромидот ситно го сечкаме, а морковите ги сечкаме по желба. На масло ги упржуваме морковите и кромидот до омекнување, на средна температура. Го додаваме исцепканото и исечкано месо и него кратко го упржуваме. Го истураме грашокот и го ставаме и киселото млеко. Ги додаваме зачините и кратко го динстаме јадењето за да се спојат вкусовите.