2
мар
2020
Пилешко во сос од печурки
Превкусен ручек,идеален за луѓе кои немаат многу време за подготовка на ручек.
1. Пилешкото филе се вари во посолена вода околу десеттина минути откако ќе зоврие.
2. Потоа се сече на коцки.
3. Во тава за пржење го ставаме путерот и ги додаваме шампињоните. Убаво се запржуваат, се додава сенфот и неутралната павлака. Се убаво се меша.
4. Се додаваат коцките пилешко месо и се остава да динста неколку минути. Се наросува со мелен црн бибер и се конзумира топло.
Јадењето може да се послужи со компир пире или како кај мене само со варен компир и морков.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови