Пилешкиот стек го сецкаме на коцки или ленти, го запржуваме да омекне, а потоа го вадиме од тавата. Во истиот зејтин го запржуваме кромидот, ги додаваме печурките, пропржуваме и го додаваме брашното. Повторно малку запржуваме, а потоа го додаваме пилешкиот бујон.

Мешаме додека не се згусне сосот, го враќаме стекот во тавата посолуваме и зачинуваме.
Оставаме да прокрчка на тивко, на тој начин пилешкото омекнува уште повеќе и ги впива сите вкусови.

Пирето го подготвуваме на стандарден начин, ги вариме компирите, ги оставаме да се подоладат, а потоа ги лупиме и гмечиме со алатка.
Го додаваме путерот и поливаме со врелото млеко, мешаме додека се впие млекото и посолуваме по желба .

Пријатен апетит !!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани