30
јун
2014
Пилешки стек со доматен сос
1. Во тенџере на оган се става стекот исецкан на коцки во вода и една лажица сол да се вари.
2. Откако ќе се свари се истура водата и се додава доматниот сос со ориганото и се остава да крчка 15-20 минути, додека да се згусти сосот.
3. На крај се додаваат печурките и сусамот. Сусамот јас малку го пржев на тава без масло.
4. Забелешка - слободно можете доколку сакате откако ќе се свари стекот и да го запржете. Многу често ставам малку и чили во прав, сакам кога малку ми налутнува. Јадењето е многу брзо и вкусно.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови