Пилешкиот стек го сечиме на долги ленти.
Ги зачинуваме по вкус.
Потоа секое парче го валкаме во брашно, јајце, па во презла во која е додаден сусамот.
Ги формираме како полжавчиња и ги прицврстуваме со чепкалки.
Ги пржиме на загреано масло.
Ги вадиме врз послужавник обложен со хартија за да се впие маснотијата.
Ги вадиме чепкалките и ги сервираме по желба.
Декоративно, брзо, вкусно мезенце.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани