Испечати

Пилешки полжавчиња

Пилешки полжавчиња

Состојки

  • 1 кгр пилешки гради
  • 3 јајца
  • 200 гр презла
  • 200 гр брашно
  • 80 гр сусам
  • сол, бибер, малку кари
  • 300 мл масло за пржење
  • 40-50 чепкалки

Подготовка

Пилешкиот стек го сечиме на долги ленти.
Ги зачинуваме по вкус.
Потоа секое парче го валкаме во брашно, јајце, па во презла во која е додаден сусамот.
Ги формираме како полжавчиња и ги прицврстуваме со чепкалки.
Ги пржиме на загреано масло.
Ги вадиме врз послужавник обложен со хартија за да се впие маснотијата.
Ги вадиме чепкалките и ги сервираме по желба.
Декоративно, брзо, вкусно мезенце.