Пилешка пифтија
Оваа година на божиќната трпеза, покрај традиционалната свинска и пилешка пифтија, за пребирливите. Вкусот одличен.
Подготовка:
1. Пилето убаво го измив и исеков. Го ставив во вода со сол да преноќи.
2. Повторно го измив и ставив да зоврие со првата вода, па ја истурив.
3. Потоа налеав чиста вода околу 3,5 литри и ставив да зоврие. Штом зовре го ставив да вари на умерен оган, не силен, бидејќи пифтијата ќе е заматена. Тогаш додадов и сол по вкус. Варев со малку подотворен капак околу 6 часа. 15 мин. пред крајот ги додадов ловоровите ливчиња и црн бибер.
4. Лукчето го столчив со малку сол. Вареното месо го извадив од водата. Течноста ја процедив. Го додадов лукчето и убаво измешав.
5. Вареното месо го искинав и распоредив во соодветни чинии. Ги налеав со течноста.
6. Оставив преку ноќ на ладно да се здрви. Здрвувањето започна штом убаво се излади, некаде после 4 часа.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Нека ви е слатко Дијанче,пивнете по една топла со пивтијата ))))
Ме привлекува оваа твојава...пилешка полесно би пробала ❣️