Откако ја видовме оваа идеја, вакви пикантни лепчиња правиме редовно. Брзо се подготвува, полнењето е по ваша желба, буквално што имате во фрижидер, а задоволството на крајот е огромно. Крцкаво лепче со богатство од вкусови...
Најпрво, на багетот исечете му еден дел од горната страна, да се направи длабнатина.
За полнењето, измешајте ги сите состојки и наполнете ја длабнатината. Одозгора испрскајте го со масло.
Ставете го да се пече во добро загреана рерна, десетина минути, колку да се испече филот. Нека ви е на здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови