Нема ништо полесно од подготовка на ваква зеленчукова, здрава и вкусна супа...

Подготовка
1. Зеленчукот го сечкаме на парчиња со околу 2 см.

2. Сите состојки заедно со зачините ги ставаме во садот за варење и блендирање на Мултифреш блендерот.

3. Доставаме вода до обележувањето, затвораме капакот и го вклучуваме блендерот на функција варење и блендирање.

Си вршиме друга работа или одмараме =)
За 20 минути супата ни е подготвена, жешка и вкусна.

На здравје!

Забелешка
Ако немате ваков блендер, ставете ги состојките да ви се варат и потоа со рачен блендер или блендерот што го имате дома, испасирајте го сварениот зеленчук.
Дополнително знам да ставам и лажица сушен зеленчук за поинтензивен вкус.
Најчесто на ваквите супи кога ќе ги сервирам им додавам маслиново масло, а сакам многу и бибер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани