Печурки со кисела павлака
Припрема
- Печурките измијте ги и исечете на четвртини.
- На путерот кратко пропржете го исечканиот кромид, додадете ги печурките, сувиот зеленчук, биберот, осолете и се заедно динстајте се додека не испари сокот кој го пуштаат печурките.
- Додадете ги лебните трошки и продолжете да пржите уште 5 мин. исклучете ја ринглата, додадете ја киселата павлака, посипете го магданосот - измешајте, тргнете од огнот.
Сервирајте со ориз или пире.
Напомена
Овој додаток можете да го спремите и со веќе маринирани печурки, може и мешавина на печурки како што денес јас ги спремив. Доколку имате сув вргањ, тогаш прво нека одстојат во топла вода, потоа спремајте ги.
Одлична комбинација со ориз и пире, а може и мевцето покрај нив.
Лиценца: Сите права се задржани