Печени свински ребра
Ребрата измијте ги под млаз ладна вода и исушете ги со кујнска хартија. Посолете ги и набиберете ги, ставете ги во сад со капак, додадете исечканиот лук. Затворете го садот со капакот и ставете во фрижидер да отстои најмалку 2 часа (или преку ноќ).
Исечете ги ребрата на парчиња по желба, ставете ги во длабоко тенџере и налејте со вода. Водата треба да ги покрива ребрата. Додадете го ловорот и ставете ги да се варат на највисока температура. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата на ниска (кај мене на 2 од 9), поклопете со капак и варете 50 минути.
Сосотојките за маринада убаво измешајте ги.
Одкако се свариле, извадете ги од водата и ставете ги во плех. Поврторно насолете ги и премачкајте ги со маринадата. Се печат 20 минути на 200 степени во претходно загреана рерна.