Подготовка.

1. Во подлабок сад ги додаваме овесот, оревите, брусницата, циметот, путерот и јаворовиот сируп. Мешаме до соединување.
2. Крушите ги сечеме на половинки, ги отстрануваме семките правејќи вдлабнатини во секоја половина. Од задната страна на половинките отсекуваме мало парче за да биде рамна одоздола.
3. Ги редиме крушите во намрсена тава за печење. Ги полниме вдлабнатините со подготвениот фил. По желба може по дополнително да ги поросите со малку цимет.
4. Печеме во загреана рерна на 190 степени околу 30 минути.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани