Тилапија е морски вид на риба. Како што успеав да изгуглам тропски вид на морска риба. Специфична риба,ни по својот изглед и по својот вкус. Јас како љубител на риба, сакам да пробувам разни вкусови. Не се трудев нешто премногу околу подготовката зашто видов дека овој вид на риба и не бара некое посебно внимание. Не бара многу време.

1. Откако ја исчистив убаво и ја измив, ја посолив од сите страни и ја оставив да отстои. Пред да ја печам, ја избришав со кујнска хартија па ја поставив во тавче каде ќе печам. Повторно ја посолив и зачинив со свежо мелен црн бибер.
2. Во сад на оган ставив 3 лажици путер да се растопат. Додаваме 3 чешниња пасиран лук. Зачинуваме со половина лажиче црвен пипер. Додаваме свежо цеден сок од лимон и ситно рендана кора од лимонот.
3. Со така приготвената смеса ја попрскуваме рибата од внатре и надвор. Ја засекуваме рибата на површината и и ставаме парчиња лимон сецкани на тркала. И во внатрешноста и ставаме исто така лимон и ситно сецкан магдонос. Со ситно сецканиот магдонос ја попрскуваме рибата насекаде. Парчиња кругови лимон ставив и околу рибата. Потурив 150 мл бело вино.
4. Ја затворив тавата со фолија за печење. Печев околу 30 минути со фолија и уште десетина без фолија.
Кога ја доби таа убава боичка ја извадив од рерната.

Ставете си бело убаво вино и нагостете се како што и јас се нагостив.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови