Подготовка:

1. Измијте го дивиот лук и добро исушете ги листовите со крпа. По желба, можете лесно да ги потпечете оревите во рерна околу 7-8 минути на 150 °, малку да им се засили вкусот. Ситно изрендајте го сирењето.

2. Ставете ги оревите во сецко или нутрибулет. Додадете го дивиот лук, солта, сирењето и сокот од лимон и блендирајте, додека состојките делумно не се исецкаат. Додадете половина од количината на масло и блендирајте додека состојките не се соединат. Полека додадете го остатокот од маслото.

3. Пробајте го пестото и додадете повеќе сол или лимон доколку е потребно. Истурете во тегла, одозгора прелијте со маслиново масло и добро затворете. Може да се ​​чува во фрижидер до една недела.

пестото од див лук можете да го користите на многу начини.
Првото нешто на што обично помислуваме е да го користиме како сос за тестенини, или со некој зеленчук, сирење, туна, пржена сланина исечкана на коцки...
Може да се додаде и во рижото, салати, како намаз за сендвичи, со печен зеленчук....
До колку имате поголема количина од потребната, распоредете ја во мали калапи за коцки мраз, замрзнете ги и користете ги по потреба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани