Идеални за брз и вкусен појадок.

Подготовка
1. Во подлабок сад изматете, со рачна маталка, јајца со сол, додадете и кисело млеко, па постепено додавајте брашно помешано со прашок за пециво.
2. Замесете меко и нелепливо тесто. Тестото го покриваме и го оставаме 15-на минути да одмори.
3. Потоа на набрашнета работна маса го ставаме тестото, набрашнуваме и одозгора и расукуваме кора, па сечеме на ромбови, коцки или правоаголници.
4. Пржиме во загреано масло на умерена температура, прво од едната страна и притоа прскаме одозгора со лажица од врелото масло, па превртуваме од другата страна да се допржат.
5. Готовите перничиња ги вадиме врз хартиена салфета, да се исцеди вишокот на мрснотија.
6. Можете топли да ги послужите со солено (сирење, пршута, намаз, ајвар, јогурт) или со слатко (нутела, џем или шеќер), ама во тој случај ставете прстофат сол.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани