Во сад се сее брашното. Се додава путерот, солта и се промешува. Млекото го замлачуваме и му го додаваме квасецот и шеќерот. Се разматува квасецот па смесава се истура во брашното. Замесете тесто додавајќи топла вода и оцетот. Тестото треба убаво да се одлепи од садот.
Откако ќе се изработи тестото, се остава да стои точно 50 минути, а потоа се премесува и се остава уште 25 минути.

Откако ќе стаса повторно, тестото префрлете го на набрашнета површина и размесете го. Поделете на 15 топчиња.
Оставете ги топчињата да стојат 10 минутки, а потоа од секое топче развлечете коричка и виткајќи од горе кон доле оформете симитче. Така подгответе ги сите 15 топчињаи наредете ги во тавче за печење. Оставете ги да станат дупло поголеми од што се. Потоа намачкајте ги со вода и попрскајте ги со јадра сол. Печете веднаш во загреана рерна на 250 степени. Мене доволни ми беа 15 минути да ги испечам симитчињава. Важно е да биде рерната убаво загреана пред да ги ставите. На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови