Париски коктел (посно)
Прекрасен десерт, мек, се топи во уста. Може да се направи во посна и мрсна варијанта.
Се меси тесто и се дели на 4 дела. Се сучи правоаголник од секој дел и се печи во правоаголно тавче. Се боцка со вилушка и се печи во загреана рерна на 160 степени, но не смее да се печи премногу долго. Корите треба да останат побели. Испечените кори се покриваат со кујнска крпа и се оставаат да се изладат.
Се припрема филот во мегувреме. Се варат пудинзите во млекото и се оставаат да се изладат. Откако ќе се изладат се додаваат во изматениот маргарин и на крај печените мелени лешници. Се филоваат корите ред кора ред фил, одозгора се покриваат и се става некоја потешка книга. Треба да отстои преку ноќ за да омекни. Наредниот ден се сечат штангли и се декорираат со печени мелени лешници.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови