Испечати

Париски коктел (посно)

Париски коктел (посно)

Состојки

  • за кори
  • 3 лажици мед
  • 150гр шеќер
  • 3 лажици масло
  • 14 кажици топла вода
  • 500гр брашно
  • малку сода бикарбона
  • за фил
  • 500мл растително млеко(во овој случај е овесно,но може оризово,соино)
  • 250гр шеќер
  • 2 пудинзи од ванила
  • 100мл вода (за растворање на пудингот)
  • 250гр маргарин
  • 150гр печени мелени лешници

Подготовка

Прекрасен десерт, мек, се топи во уста. Може да се направи во посна и мрсна варијанта.

Се меси тесто и се дели на 4 дела. Се сучи правоаголник од секој дел и се печи во правоаголно тавче. Се боцка со вилушка и се печи во загреана рерна на 160 степени, но не смее да се печи премногу долго. Корите треба да останат побели. Испечените кори се покриваат со кујнска крпа и се оставаат да се изладат.

Се припрема филот во мегувреме. Се варат пудинзите во млекото и се оставаат да се изладат. Откако ќе се изладат се додаваат во изматениот маргарин и на крај печените мелени лешници. Се филоваат корите ред кора ред фил, одозгора се покриваат и се става некоја потешка книга. Треба да отстои преку ноќ за да омекни. Наредниот ден се сечат штангли и се декорираат со печени мелени лешници.