4
дек
2014
Панцероти
Најпрво квасецот се става во млака вода со 1 лажица шеќер и лажица брашно да стаса. Се става стасаниот квасец во брашното , се додава филџанот масло и се замесува тесто (средно-нити многу меко нити многу тврдо).
Потоа од тестото се прават топчиња .
Шунката и сирењето ги сецкаме и им се додава кешап и оригано по потреба и сето заедно го мешаме.
Топчињата ги расукуваме и врз секое нанесуваме од филот, и ги мотаме.
Се редат во плех и ги премачкуваме со јајце и наросуваме сусам.Се печат 20мин на 200 степени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови