Пана кота со пире од јаболка и портокал
Подготовка на пирето од јаболка и портокал
Јаболката излупете ги, исечете ги на поголеми парчиња и варете ги во водата околу 15 минути, исцедете ги од водата и оставете ги да оладат.
Во сад на оган додајте ги шеќерот и исцедениот сок од протокал. Отстранете ги од оганот кога шеќерот ќе биде растопен. Така растопениот шеќер и портокал додајте ги во садот со сварените јаболка и испасирајте ги со блендер. Ако сакате пирето да има поинтензивна портокалова боја додајте прстофат портокалова прехрамбена боја во прав.
Подготовка на пана кота
Најпрво ставете го желатинот со 3 лажици ладна вода да набабури неколку минути.
Во сад на оган додајте ги млекото, шеќерот и ванилниот шеќер. Само што ќе почне да врие отстранете го од оганот и додајте го омекнатиот желатин, мешајте со лажица додека не се растопи желатинот. Потоа додајте ја слатката павлака, размешајте и префрлете ја паната кота во чаши и ставете ја да се лади во фрижидер 3 часа. Пред да ја послужите додајте во чашите од пирето.
Декорирајте по желба.
Лиценца: Сите права се задржани