Појадок кој ми го направи нутрибулет.
Во чашата на нутрибулет ги ставив јајцето, сол, бибер, јогурт, млеко, спанаќ, пециво.
Соединив се убаво за неколку секунди.
Потоа додадов брашно, бело и ржано и соединив уште еднаш.
Сега на умерен оган кај мене од 1-9, пржев на 6 ставаме тава и додаваме некоја капка масло.
Од чашата, земаме со лажица од смесата и ја ставаме на загреаната тава.
Пржиме од првата страна и кога ќе се појават меурчиња ја преметкаме и пржиме од другата страна.
Ги редиме на хартиени салфети.
Потоа формираме купчиња од спанаќ палачинки, и мегу секоја палачинка ставаме кисела павлка.
Надополнет појадоков со парче сирење е полн погодок.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани