Подготовка
1. За филот, најпрво ситно исечкајте го кромидот, ставете го во месото, додајте го маслото, водата и зачините, па измесете го. Покријте го и оставете го настрана.
2. Во вангла ставете го брашното, маслото и солта и додавајќи вода измесете тесто. Тоа треба да е убаво измесено, меко, еластично. Покријте го и оставете го да одмори десетина минути.
3. Поделете го тестото на 10 дела, направете топчиња, покријте ги и оставете ги да се одморат петнаесетина минути. Секое топче тесто расучете го со големина на помало тањирче, па откако сите ќе ги исучите пак оставете ги да одморат десетина минути.
4. Сега растопете го маргаринот и измешајте го со маслото. Првото тесто убаво премачкајте го со мешавината, над него ставете го другото тесто и со дланките нежно плескајте го и по малку развлекувајте го. Тестото е многу убаво, лесно се тегне. Сите десет премачкани корички ставете ги една врз друга. Со другата рака почнете да ги развлекувате, да ги тегнете по краевите, да добиете една поголема правоаголна кора. Не треба да е многу танка.
5. Кората исечете ја на квадратчиња, отприлика 4 по 4 цм. Над секое квадратче ставете по едно топче од филот, количина колку 1 орев. Краевите превиткајте ги, да се добие мало пакетче.  Наредете ги на премачкана тепсија (32 цм) и одозгора пак премачкајте ги и наросете ги со сусам.
6. Печете во загреана рерна на 250 степени, по петнаесетина минути намалете ја на 200. Печењето е отприлика 35-40 минути, убаво да заруменат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови