Да се подготви риба во Air Fryer е вистинско задоволство. Нема непријатни мириси низ куќа, не се троши масло за пржење, а вкусот на рибата скоро идентичен како до сега што сум го подготвувала.

Подготовка
1. Додека е рибата полусмрзната и ја отстрануваме кожата.
2. Парчињата ослич ги сечеме да бидат со дебелина околу 2 см.
3. Во брашното ги соединуваме зачините.
4. Секое парче риба го валкаме во брашно и го редиме во садот од Аирфраерот.
Јас ги редев исправени, а не легнати за да поубаво ми циркулира воздухот низ нив и за да ми се испечат побрзо. Доколку сакате може да накапете масло врз рибите.
5. Температурата ја ставаме на 180 степени, а времето на 15 минути. Ако ви е рибата полусмрзната ставете го времето на 20 минути.
И толку...
Уживајте во риба подготвена на поздрав начин, без пржење и без многу масло...

Забелешка
Можете да ја ставите и само посолена, без брашно...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани