18
апр
2021
Освежителна салата со киноа
Едноставна и освежителна салата.
1. Една чаша (од 120 милилитри) киноа и две чаши вода се ставаат да се загреваат на оган. Кога ќе почне да врие се додава малку сол и се меша од време на време.
Кога ќе испари целата вода , ја оставаме киноата да се олади.
2. Целиот зеленчук го сечеме на приближно исти парчиња. Цедиме сок од 1 лимон и го ставаме врз зеленчукот, посолуваме .
3. Врз оладената киноа го додаваме зеленчукот, ставаме маслинов зејтин, леко промешуваме и служиме.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Интересна комбинација, ке ја пробам секако