
28
фев
2015
Ориз со кинеска зелка
Кромидот го сецкаме ситно и го ставаме да се запржи. Во меѓувреме компирот исецкан на коцки и зелката исто исецкана на ленти ги ставаме во зовриена вода да се обарат.Кога кромидот ќе се запржи го додаваме и лукот исто исецкан и оризот.
Во водата со компирот и зелката ги додаваме и копаните.
Откако и оризот ќе добие кристална боја сето заедно го додаваме во тенџерето со копаните. Посолуваме, ставаме црн бибер и зачин.
Оставаме малку да се измеша сета и смеса и сето го префрлуваме во тава за печење. Печеме во загреана рерна.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови