11
апр
2021
Омлет со брокула
Овој превкусен омлет се прави во тавче но јас го подготвив во рерна, додадов сусам и не ставив маслинки како во оригиналниот рецепт, бидејќи во тој момент ги немав.
Подготовка
1. Рерната ја пуштаме да се загрее на 180 степени. Брокулата ја ставаме во тава расцепкана на помали цветчиња, го ставаме маслиново масло и солта, запржуваме малку додека да омекне брокулата.
2. Во подлабок сад ги кршиме јајцата, ставаме црн пипер, пармезан и млеко, матиме се заедно, и со смесата ја полеваме брокулата. Посипуваме со сусам и тавата ја ставаме во загреаната рерна.
3. Печеме додека сето убаво се потпече и порумени.
(519)
Лиценца: Сите права се задржани