Подготовка:

1. Во длабок сад ги ставаме овесното брашно, овесните снегулки и мелените ореви, промешуваме. Ги додаваме пецивото, солта, аромата од ванила, кокосовото масло и маџунот. Мешаме со лажица да се соединат состојките.
2. Во калап за печење со димензии 20х20, обложен со хартија за печење, ја ставаме смесата, при тоа оставаме 3-4 лажици од смесата на страна. Смесата рамномерно ја распределуваме и со рака притискаме.
3. Во длабок сад ги ставаме грчкиот јогурт или павлаката. Го додаваме густинот и агаве сирупот, мешаме со лажица да се соединат состојките. Филот го ставаме врз тестото. Малините ги распределуваме врз филот и со рака нежно притискаме да навлезат во филот. Врз нив ја ставаме смесата за тесто што ја оставивме настрана. Ја распределуваме подеднакво. Ги додаваме и оревите и нив ги распределуваме врз целата површина. Со рака нешно притискаме.
4. Печиме во загреана рерна на 170 степени, 40-45 минути. Оставаме да се излади и стегне 4-5 часа ( јас ја оставив цела ноќ ).

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани