Оброк со туна, хумус и пченка
Ако имате подготвено хумус ова ќе биде оброк кој е едноставен за подготовка. Ако немате хумус направете си го набрзина, па пак ќе ви биде лесна подготовката на овој вкусен посен оброк =)
Подготовка
1. За хумусот ги ставаме сите состојки во Нутрибулет или блендерот што си го користите и мелете до мазна смеса. Додавајте зачини и состојки до посакуваниот вкус.
2. За оброкот соединуваме сечкан кромид, сок од лимон, зачини по вкус и туната од конзерва.
3. Додаваме неколку лажици од веќе подготвениот хумус и процедена пченка па содинуваме.
Оброкот ни е подготвен...На здравје!
Забелешка
Туната ја процедувам од масло па ја соединувам со останатите состојки.
Количината на оброкот си ја создаваме по потреба и вкус. Додаваме состојки и зачини по желба.
Лиценца: Сите права се задржани