Обланди со неверојатен вкус...
Водата и шеќерот се ставаат да се варат, кога ќе почне да се згуснува се додава маргаринот да се растопи. Откога ќе се растопи се трга на страна и се додава млекото во прав, и се мати со миксер да нема грутчиња од млекото во прав.

Се дели на 2 дела во едниот се става црното чоколадо и 5 скршени бисквити, а во другиот дел белото чоколадо и 5 скршени бисквити. Двата листа обланда се сечат на пола. Се мачка додека е топол филот, обланда па бел фил, обланда црн фил, обланда бел фил, обланда црн фил и се завршува со обланда. Се става во фрижидер да се стегне и потоа се сече по желба.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови