Непечена лазања
Мерките ми се од око, но морав да напишам нешто, слободно променете како ви одговара, по ваш вкус.
Овој рецепт лесно се роди уште во продавница, кога прв пат ги видов зелените кори за лазања од спанаќ, едвај чекав да испробам што ќе излезе и излезе преубаво.
Овој прекрасен рецепт често може да биде на вашата трпеза и како главно јадење и како мезе, брзо, а преубаво и што е најважно без печење.
Корите можат да бидат и обични, но овие во боја, со спанаќ, се многу подекоративни.
1. Измешајте ги заедно мајонезот и павлаката во еден подлабок сад
2. Направете фил од состојките, исечете ги на ситни коцки краставичките, кашкавалот, чаденото месо или шунка, лукот, магданосот, пиперките и додадете ги во измешаната павлака со мајонез
3. Ставете ги во врела вода да се сварат корите со малку маслиново зејтинче и сол, внимавајте да не ви се залепат
4. Потоа едноставно во сад за сервирање ставате една врз друга кора, а помеѓу нив, ставете од филот
5. Ќе добиете правоаголна торта, лазања, малку поинаква. Исечете на триаголници или коцки откако малку ќе се стегне во фрижидер, декорирајте по желба.
Преубав е вкусот, сочно мезе, предјадење, оброк...
Добар апетит !
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Мило ми е што ви се допаѓаат :)