1. Шеќерот и маслото се матат во подлабок сад додека шеќерот малце да се подистопи.
2. Се додаваат јајцата. И пак се мати, да се изедначи смесата.
3. Се додаваат и сувите состојки.
4. Се меша пак да се добие густа чоколадна смеса.
5. На крај, смесата се става во намрсено тавче 24, и чоколадото се сечка на парченца и се додава внатре, иако ова е опционално, браунито ќе биде сочно и вкусно и да не додадете чоколадо.
6. Колачето се пече во загреана рерна на 170 степени, околу 15, до 20 минути, додека да се оддели од краевите на тавата.
7. Нека се излади пред послужување.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови