Испечати

Најчоколадното брауни за 10 минути

Најчоколадното брауни за 10 минути

Состојки

  • 200 гр шеќер
  • 170 мл масло
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 јајца
  • 100 гр какао
  • 70 гр брашно
  • 70 гр чоколадо за готвење
  • 1/2 лажичка печиво

Подготовка

1. Шеќерот и маслото се матат во подлабок сад додека шеќерот малце да се подистопи.
2. Се додаваат јајцата. И пак се мати, да се изедначи смесата.
3. Се додаваат и сувите состојки.
4. Се меша пак да се добие густа чоколадна смеса.
5. На крај, смесата се става во намрсено тавче 24, и чоколадото се сечка на парченца и се додава внатре, иако ова е опционално, браунито ќе биде сочно и вкусно и да не додадете чоколадо.
6. Колачето се пече во загреана рерна на 170 степени, околу 15, до 20 минути, додека да се оддели од краевите на тавата.
7. Нека се излади пред послужување.