Компирот го вариме. Во меѓувреме ја сецкаме шунката на ситни коцки. Од кришките леб со чаша вадиме кругови. Сварениот компир го гмечиме со вилушка, ги додаваме шунката, мајонезот, сенфот, солта и црниот бибер. Мешаме да се соединат. На секој круг од лебот нанесуваме од намазот. Јас за декорација користев пиперка, домат и малку кечап.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови