Намаз од компир
Состојки
- 1 поголем компир
- 1 лажиче сенф
- 2 лажичиња мајонез
- 2 парчиња шунка, сол, црн бибер
- 4 парчиња леб
Подготовка
Компирот го вариме. Во меѓувреме ја сецкаме шунката на ситни коцки. Од кришките леб со чаша вадиме кругови. Сварениот компир го гмечиме со вилушка, ги додаваме шунката, мајонезот, сенфот, солта и црниот бибер. Мешаме да се соединат. На секој круг од лебот нанесуваме од намазот. Јас за декорација користев пиперка, домат и малку кечап.