Мусака
Ова е омиленото традиционално јадење на многумина. Основните потребни состојки се компирите и меленото месо, а за останатите состојки секој според вкусот. Ова е мојот начин на подготовка на кој моите дома ја обожаваат.
1. Кромидот ситно го сецкаме и го ставаме во тава на оган со загреан зејтин- пропржуваме додека да омекне. Потоа го додаваме меленото месо, откако ќе се испржи, посолуваме и додаваме зачини.
Компирите ги лупиме, миеме и поголемиот дел од нив го сецкаме на коцкички, а останатиот дел го сечеме на кругчиња.
2. Во огноотпорна тава ги ставаме испрженото месо и компирите исецкани на коцкички - промешуваме, одозгора ги редиме кругчињата компири. Налеваме топла вода во висина на компирите и ставаме да се пече мусаката на 220 степени (покријте ја со алуминиумска фолија, кога ќе биде прикрај тргнете ја фолијата)
Печената мусака ја вадиме од рерна и ја послужуваме топла.
Забелешка - доколку обожавате мусака со млеко и јајца, тогаш прелејте ја мусаката со мешавина од вода, млеко и 2 јајца - или само млеко и јајца. (јас не ставам, бидејќи моите дома не ја сакаат на тој начин)
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани