Најпрво на ситната страна на рендето изрендајте ги морковите. Оревите ситно исецкајте ги во сецко. Брашното, содата, пецивото и какаото измешајте ги заедно.

Изматете ги јајцата со шеќерот и рум шеќерот. Кога ќе згусти, додадете го млекото и матете додека се дорастопи шеќерот. Додадете го маслото, мешавината со брашното, оревите и на крај рачно вмешајте ги морковите.

Ставете хартиени корпиња во калапите за мафини и понете ги со смесата оставајќи празно најгоре половина прст.
Печете ги во загреана рерна на 170С 20 минути.

Измешајте го маскарпонето со шеќерот во прав ако немате готов ајсинг како замена. Почнете со мерка чаша од 200мл и додавајте додека се добие посакуваната густина за крем. Додадете портокалова боја и арома од портокал. Ставете го во шприц со кружен отвор.

Со нож во средината конусно издлабете ги мафините. Премачкајте ги одозгора со чоколадниот ајсинг или со пудингот припремен спрема упатството, наросете ги со издробени колачиња и во вдлабнатината вшприцајте од портокаловата смеса до висина од најмногу 1 см над површината. Одозгора украсете со стапчиња гумени или желе бомбони или фондан ливчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани