Морков мафини
Состојки
- 2 јајца
- 160 гр шеќер
- 1 пак. рум шеќер
- 55 мл млеко
- 160 мл масло
- 230 гр брашно
- 1 рамно лажиче прашок за пециво
- 1/2 лажиче сода бикарбона
- 1 полна лажица квалитетно какао
- 70 гр ореви
- 300 гр моркови
- За полнеж и премачкување
- ванила и чоколаден ајсинг
- арома на портокал
- портокалова прехрамбена боја
- или, во замена за белиот/портокалов фил
- 300 гр маскарпоне или некое друго крем сирење
- 1 чаша шеќер во прав
- арома на портокал
- портокалова прехрамбена боја
- 1 пак. инстант чоколаден пудинг (како замена за чоколадниот ајсинг)
- За украсување на морковите
- зелени гумени или желе бомбони во траки или пак фондан зелени ливчиња
- 1 пак. орео или други такви колачиња со какао
Подготовка
Најпрво на ситната страна на рендето изрендајте ги морковите. Оревите ситно исецкајте ги во сецко. Брашното, содата, пецивото и какаото измешајте ги заедно.
Изматете ги јајцата со шеќерот и рум шеќерот. Кога ќе згусти, додадете го млекото и матете додека се дорастопи шеќерот. Додадете го маслото, мешавината со брашното, оревите и на крај рачно вмешајте ги морковите.
Ставете хартиени корпиња во калапите за мафини и понете ги со смесата оставајќи празно најгоре половина прст.
Печете ги во загреана рерна на 170С 20 минути.
Измешајте го маскарпонето со шеќерот во прав ако немате готов ајсинг како замена. Почнете со мерка чаша од 200мл и додавајте додека се добие посакуваната густина за крем. Додадете портокалова боја и арома од портокал. Ставете го во шприц со кружен отвор.
Со нож во средината конусно издлабете ги мафините. Премачкајте ги одозгора со чоколадниот ајсинг или со пудингот припремен спрема упатството, наросете ги со издробени колачиња и во вдлабнатината вшприцајте од портокаловата смеса до висина од најмногу 1 см над површината. Одозгора украсете со стапчиња гумени или желе бомбони или фондан ливчиња.