16
јун
2020
Монте во чаша
Ставаме во тенџере 200гр. брашно, 14 лажици шеќер, 100мл. вода и 2 литри млеко. (може претходно да се измеша брашното со дел од течноста, за да не се појават грутчиња )
Вариме на тивок оган со постојано мешање со дрвена лажица, додека да се згусне доволно, да се прави пат, односно да се гледа дното од тенџерето.
Кога ќе се згусне доволно, веднаш се дели на 2 дела.
Во едниот дел додаваме 300гр.бело чоколадо ( рендано, за готвење ), а во другиот дел додаваме 300гр. црно чоколадо ( рендано, за готвење )
Се миксира убаво да се стопат чоколадата и се полни во чаши или чиничиња.
Пријатен десерт.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови