Испечати

Монте во чаша

Монте во чаша

Состојки

  • 200гр Брашно
  • 14 лажици Шеќер
  • 100мл Вода
  • 2литри Млеко
  • 300гр Бело чоколадо ( за готвење )
  • 300гр Црно чоколадо ( за готвење )

Подготовка

Ставаме во тенџере 200гр. брашно, 14 лажици шеќер, 100мл. вода и 2 литри млеко. (може претходно да се измеша брашното со дел од течноста, за да не се појават грутчиња )
Вариме на тивок оган со постојано мешање со дрвена лажица, додека да се згусне доволно, да се прави пат, односно да се гледа дното од тенџерето.
Кога ќе се згусне доволно, веднаш се дели на 2 дела.
Во едниот дел додаваме 300гр.бело чоколадо ( рендано, за готвење ), а во другиот дел додаваме 300гр. црно чоколадо ( рендано, за готвење )
Се миксира убаво да се стопат чоколадата и се полни во чаши или чиничиња.
Пријатен десерт.