Мини Шепардови пити
Подотовкана на тестото
Измешајте ги сувите состојки, па додадете го маргаринот исечкан на листови и измесете, на крај додадете го и јајцето и измесете се во глатко тесто.
Тестото расплескајте го и ставете го на рамна чинија завиткано со најлон во фрижидер.
Подготовка на филот
Кромидот ситно исечкајте го, а морковот изрендајте го, па ставете ги со малку масло заедно со меленото месо да се пржат додека им испари течноста. Потоа додадете ги и останатите состојки редоследно од кои грашакот на крај и мешајте додека се убаво не се спои отприлика 5-10 минути, па тргнете од рингла.
Подгответе го и пирето со состојките спрема упатството на кесичката. Доколку сакате да направите поубави форми од течностите намалете по 50 мл.
Расучете го тестото тенко и со поширока чаша или кружен калап вадете форми.
Формите распоредете ги во подмачкан калап за мафини убаво по ѕидовите.
Во секоја ставете од филот со месо до ниво на работ на тестото, потоа одозгора ставете од пирето.
Можи да го ставате со лажица, со помош на кесичка со отсечен раб или пак со калап за тулумби.
Одозгора наросете рендан пармезан.
Печете во загреана рерна на 200С околу 35 минути.