Начин на подготовка
1. Во подлабок сад за месење, ставете го просеаното брашно, и другите суви состојки за тесто. Додајте ја и павлаката. Газираната вода загрејте ја (да биде топла, но не премногу) и со неа замесете тесто. Додавајте ја постепено, зошто секое брашно не прима еднаква количина на течност. Замесеното тесто покријте го и оставете го на топло место да се дуплира двојно. Во меѓувреме подгответе го филот.
2. Во тава на оган пропржете го ситно сецканиот кромид. Додајте го месото и убаво пропржете го. Зачинете по вкус.
3. Од нараснатото тесто, на набрашнета маса, расукајте кора со дебелина од 5 мм. Јас користев модла за формирање на мини панцероти, но може да искористите чаша со големина по желба, со која ќе извадите кругови од тестото. Врз секој круг тесто ставете малку ајвар, по една лажичка од меленото месо и коцка моцарела. Преклопете го тестото и со вилушка затворете ги краевите со притискање, за да не ви истече филот при печење.
4. Панцеротите оставете ги да нараснат 30-тина минути. Премачкајте ги со изматено јајце и наросете сусам. Печете ги во загреана рерна на 200 степени 15-18 минути.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови