Мешана манџа
Телешкото прво ставете го да се обарува.
Кромидот исецкајте го ситно, а морковот на ленти. Пилешкото месо исто обарено или исцепкајте го или исецкајте го на парчиња. Ставете ги морковот и кромидот да се пржат. Пиперките и модриот претходно испечени и излупени исто исцепкајте ги на ленти и додадете ги со кромидот. Додадете го пилешкото и телешкото. Пропржете малку и додадете вода (повеќе) ќе треба уште да врие да се свари месото убаво.
Од меленото месо направете топчиња и додавајте ги едно по едно во тенџерето (водата да почне да врие)
Додадете го и грашокот и оризот. Посолете, зачинете и ставете црвен пипер.
Оставете да врие и проверувајте кога месото ќе биде убаво сварено поклопете со капак и оставете го така да постои(исклучена рингла)
Различни вкусови-супер комбинација.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови