Мешана манџа

Состојки
- 200гр мелено месо
 - 200гр телешко месо
 - 200гр пилешко месо
 - 1 морков -поголем
 - 1 кромид
 - 4 пиперки
 - 1 модар патлиџан
 - 1 филџан грашок
 - 1 филџан ориз
 - 1 лажиче сол, зачин,црн бибер и црвен пипер
 
Подготовка
Телешкото прво ставете го да се обарува.
 Кромидот исецкајте го ситно, а морковот на ленти. Пилешкото месо исто обарено или исцепкајте го или исецкајте го на парчиња. Ставете ги морковот и кромидот да се пржат. Пиперките и модриот претходно испечени и излупени исто исцепкајте ги на ленти и додадете ги со кромидот. Додадете го пилешкото и телешкото. Пропржете малку и додадете вода (повеќе) ќе треба уште да врие да се свари месото убаво.
 Од меленото месо направете топчиња и додавајте ги едно по едно во тенџерето (водата да почне да врие)
 Додадете го и грашокот и оризот. Посолете, зачинете и ставете црвен пипер.
 Оставете да врие и проверувајте кога месото ќе биде убаво сварено поклопете со капак и оставете го така да постои(исклучена рингла)
 Различни вкусови-супер комбинација.