Мексиканска мешана чорба
Употребуваме црвен грав и го вариме со ловор и кромид.
Гравот се вари и се цеди.
На маслиново масло се запржува кромидот, доматното пире и пченката. Месото на коцки сецкано се додава во садот.
Се додава зелената боранија и морковот, а потоа се попрскува со едно лажиче пченкарно брашно.
Се промешува и се додава мелен црвен пипер и лажичка чили во прав.
Се префрла гравот во садот и се полева вода.
Се остава да вари на тивок оган.
Повремено проверувајте го месото колку е варено, и кога е готово, тргнете ја чорбата на страна од оганот.
Додајте и половина лажичка мелен ким и половина лажичка лук во прав.
На здравје со оваа мексиканска чорба
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови