Меки памук лепчиња
Овие лепчињата се меки како памук од внатре и малку крцкави од надвор, едни од највкусните кои сум ги направила. Имам правено многу лебови, но овие можам да кажам дека ги качив на пиедестал и се најдобри од сите до сега.
Подготовка;
1. Прво замесете го тестото, растворете го квасецот во водата со шеќерот, па додадете го путерот, разматеното јајце (од јајцето оставете малку за премачкување), сол и постепено додавајте од брашното. Замесете меко нелепливо тесто, оформете топка и оставете го да нарастува околу 1 час. После 1 час премесете го и оставете го уште половина час.
2. Потоа поделете го на 4 топчиња, сместете ги во плех за печење, премачкајте ги со разматеното јајце и оставете ги да нарастуваат 1 час. Потоа, ставете ги да се печат на 190 степени, додека не поруменат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови