Од дете посебно ги сакам сусамот и кимот, па затоа одлучив овие кифли да бидат посипани само со овие семки. Инаку се особено меки, а посебен шмек им дава интегралното брашно.
Подготовка

1. Го замесуваме тестото од сите состојки, па го оставаме да стаса, да се дуплира.
2. Во урдата рендаме сирење и соединуваме едно јајце.
3. Откако тестото ќе стаса го делиме на четири дела и секој дел го размесуваме и формираме во топка.
4. Топката ја расукуваме во круг, ја делиме на 6-8 триаголници.
5. Ставаме на краевите по една лажичка од филот и ги мотаме кифлите. Ги ставаме на намрсено тавче.
6. Откако ќе ги формираме и наредиме сите кифли тогаш ја вклучуваме рерната на 220 степени да се загрева.
7. За тоа време сите кифли ги ремачкуваме со разматено јајце со сол и ги посипуваме со сусам и ким.
8. Откако ќе се загрее ги ставаме да се печат околу 10-15 минути или додека да поцрвенат.

Забелешка
10 гр сув квасец е за 1 кг брашно, јас во овој тип на кифлички ставам 2 вакви квсци. Кога постиме млекото го заменувам со оризово млеко. Времетраењето на печењето зависи од рерната, јас во мојата го вклучувам вентилаторот и многу брзо се печат, за некои 10-12 минути се готови (една тава). Излегуваат околу 30 кифлички, зависи колкава големина ќе ги правите.